Достапни линкови

logo-print

Вучиќ-Државата за посетата на Тачи ќе постапи согласно законот


Српскиот премиер Александар Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави денеска дека државата ќе се однесува во согласност со законот при евентуална посета на косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи. Вучиќ посочи дека никој не врши притисок врз Србија за тоа прашање и оти со тоа ништо не би се постигнало.

Тачи е поканет да допатува во Белград за да учествува на конференција за европските интеграции на западниот Балкан, што ќе се одржи од 23 до 25 април. Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави дека Тачи ќе биде уапсен ако дојде во Белград.

XS
SM
MD
LG