Достапни линкови

Зголемени безбедносни мерки за маратонот во Бостон


Зголемени мерки на безбедност се преземени во американскиот град Бостон пред денешното одржување на маратонот на кој се очекуваат илјадници учесници и набљудувачи. Светски познатиот маратон беше цел на терористички напад во 2013 година при кој загинаа 3 лица, а повредени беа 264. Маратонот се случува за време на паузата во судскиот процес против осомничениот за нападот Џокар Царнаев. Полицијата ги повика гледачите да не носат големи вреќи, бидејќи истите ќе бидат претресувани.

XS
SM
MD
LG