Достапни линкови

Кина најавува милијарди долари инвестиции во Пакистан


Кинескиот претседател Кси Џинпинг и пакистанскиот премиер Наваз Шариф

Кинескиот претседател Кси Џинпинг и пакистанскиот премиер Наваз Шариф

Пакистанските медиуми јавија дека во тек се разговорите помеѓу кинескиот претседател Кси Џинпинг и пакистанскиот премиер Наваз Шарфи во чиј фокус се договори за инвестиции. Инвестициите се од областа на инфраструктурата и енергетскиот сектор во Пакистан во вредност од 46 милијарди долари. Џинпинг денеска пристигна во посета на Пакистан со цел подобрување на економските односи меѓу двете земји.

Пекинг и Исламабад се надеваат да создадат Пакистанско кинески економски коридор со цел поврзување на Арапското море со кинескиот западен регион Ксинџијанг.

XS
SM
MD
LG