Достапни линкови

Прво верски брак, потоа пред државата


Во Дебар расте бројот на случаи кога прво се склучуваат верските бракови во дебарското муфтивство, а потоа следи склучување на браковите во државните институции. Минатата година во општина Дебар се склучени 130 бракови од кои 110 се склучени во Муфтивството во Дебар.

Во општина Дебар последните години има рапиден пораст на склучување верски бракови кај муслиманското население. Исто така карактеристика е тоа што прво се склучуваат верските бракови во дебарското муфтивство, а потоа следи склучување на браковите во државните институции. Во Дебарското муфтивство, кое е едно од 13-те муфтивства во Република Македонија, велат дека верски бракови имало и во времето на монизмот, но тие биле ретки, и според нив со стартот на демократските процеси, склучувањето на верските бракови е постојано.

Според податоците на нашето Муфтивство во Дебар, има рапиден раст на бројот на склучени верски бракови во општината. Пред сè се дава предност на верските бракови, а потоа нормално следи и склучувањето на граѓанскиот брак.

„Според податоците на нашето Муфтивство во Дебар, има рапиден раст на бројот на склучени верски бракови во општината. Пред сè се дава предност на верските бракови, а потоа нормално следи и склучувањето на граѓанскиот брак, односно склучување на бракот во државните институции, односно склучување на институционален брак. Ова се гледа и од податоците со кои располага Дебарското муфтивство. Така во текот на минатата година во општина Дебар се склучени 130 бракови од кои 110 се склучени во Муфтивството во Дебар. Оваа значи дека луѓето го живеат слободно верскиот живот. Треба да нагласам дека оваа состојба стартуваше со стартот на плурализмот во нашава земја“, вели Орхан Зенго преставник на Дебарското муфтивство. Тој објаснува дека и кај поголемиот број печалбари и иселеници од Дебар и дебарско кои денеска работат и живеат во странство, по венчавките во земјите каде што живеат, тие при пристигнување во родниот крај склучуваат верски бракови.

Орхан Зенго.

Орхан Зенго.

„И со нашите иселеници и печалбари кои работат и живеат во странство состојбата е иста. Овие наши печалбари и иселеници по склучувањето на бракот во државите каде што живеат, кога доаѓаат во општина Дебар склучуваат верски брак, со што и тие искажуваат почит кон верата на која и припаѓаат и го изразуваат верското чувство што го имаат кон својата религија“, нагласува Орхан Зенго.

Кај припадниците на исламската вероисповед во Дебар и дебарско, но и поширокиот регион кој го покрива ова Муфтивство, сега веќе редовно при поставување камен темелници или давање имиња на новородени деца, како и други свечености, присуството на верските лица е редовно и постојано.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG