Достапни линкови

logo-print

Сообраќајка во Казахстан, 16 жртви


Во сообраќајна несреќа во јужен Казахстан загинаа најмалку 16 лица, при што најголем дел од нив се државјани на соседен Киргистан. Несреќата, според киргистанското министерство за вонредни работи се случила кога камион се судрил со минибус кој превезувал 18 лица, при што двете возила се запалиле. Тринаесет државјани на Киргистан загинале, вклучувајќи и три деца, како и возачот на минибусот, кој потекнува од Казахстан. Властите соопштија дека жртвите биле мигранти кои планирале да бараат работа во Русија.

XS
SM
MD
LG