Достапни линкови

logo-print

Народот веќе не е овца, разбира некои работи, вели анкетиран граѓанин. Политичката криза е плодна почва за изразување на незадоволство, па се повеќе граѓани го креваат својот глас.

Во Прилеп викендов премиерот најави нови проекти, нови вработувања, подобри услови за живот. Во Скопје, опозицијата објавувајќи нова т.н. бомба пушти телефонски разговор во кој тврди дека е гласот на Груевски и во која се слуша како тој преку министерот Јанакиески организира протест и размислува дали некој да му удри, како што вели, пет шест шамари на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски. Неколкумината граѓаните што ги анкетиравме имаат различни мислења за тоа дали на премиерот се уште може да му се верува.

Може една бомба да биде монтирана, ама не можат да бидат монтирани 500 бомби, па народот веќе не е овца, разбира некои работи, сфаќа, не е можно да не може човек да поверува.

„Не, еве и ќе ви кажам зошто. Јас разбирам некоја проблематика за таа монтажа, може една бомба да биде монтирана, ама не можат да бидат монтирани 500 бомби, па народот веќе не е овца, разбира некои работи, сфаќа, не е можно да не може човек да поверува.“

„Не знам искрено во кого да верувам, ниту во Заев, ниту во Груевски, па тие се борат за фотелја, не се борат за народот. Се веруваат, а од тоа што го ветуваат нема ништо, ниту вработувања, ниту зголемување на помош, социјално, ништо.“

„Груевски е поинаков, го сакаме Груевски зошто не прави такви скаламуции како што прават другите, другите лажат. Понекогаш и тој лаже, ветува дека ќе вработи толку и толку луѓе, а не вработува“, велат анкетираните граѓани.

Ова практично не е дијалог, ова е подготовка на теренот за отпочнување на дијалогот. Нема илузии дека во Брисел со такви посредници, без никаква политичка агенда со овие домашни актери дека може да се најде решение.

И додека од повеќето од дваесет прес конференции на опозицијата на која ги објавуваат прислушуваните разговори се слушна за тоа како власта се справува со своите неистомисленици, расте незадоволството кај одредени групи граѓани, па средношколците, хонорарците, граѓаните за поддршка за зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ, групата граѓани околу генералот Стојанче Ангелов и други засилено ги бараат своите права и изразуваат несогласувања.

Според аналитичарот Насер Зибери политичката криза и неможноста таа да се реши преку политички средства создава плодна почва за нестабилност, а во екстремни ситуации до конфликт кој на граѓанска основа може да има и несогледливи последици.

„Македонија тоне во една се поголема криза, револтот кај граѓаните е се поголем, многу социјални структури се опфатени со многу битни, суштински, егзистенцијални прашања и кога ќе им се долева политичка ерупција од незадоволство, тогаш ситуацијата станува алармантна“, вели Зибери.

Тој го нагласува инсистирањето на меѓународната заедница да се воспостави дијалог меѓу двете страни како единствен начин за излегување од кризата. И американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Азија, Хојт Ји кој минатата недела беше во Скопје нагласи дека власта и опозицијата треба да седнат на маса и да договорат решение, бидејќи Македонија нема време за чекање. Во Брисел пак веќе се води дијалог. Имено досега се одржаа две рунди разговори меѓу претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ но засега нема информации за некаков напредок.

„Ова практично не е дијалог, ова е подготовка на теренот за отпочнување на дијалогот. Нема илузии дека во Брисел со такви посредници, без никаква политичка агенда со овие домашни актери дека може да се најде решение“, вели Зибери.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG