Достапни линкови

logo-print

Оставките во ДУИ - сигнал за распаѓање на владината коалиција?


Трите оставки во ДУИ не смеат да се занемарат зошто покажуваат дека под површината на работите, се крие големо незадоволство, велат познавачите.

За едни сигнал за распаѓање на владината коалиција, за други пак само демократски капацитет да се справат со незадоволство од функционирањето на партиската организација. Ваква поделеност постои меѓу домашните аналитичари по најавените оставки на тројцата функционери од Демократската Унија за интеграција викендов.

И да е едното и да се директна причина и да се повод за нешто друго кажува дека позицијата на ДУИ во однос на коалицирањето со ВМРО-ДПМНЕ не е така монолитно во овој момент и има одредени отпори во рамките на ДУИ кои не можат да не бидат сфатени сериозно.

Професорот Здравко Савески вели дека наспроти привидот дека објавувањето на бомбите не влијае врз меѓукоалициските односи во Владата, оставките докажуваат дека продолжувањето на коалицијата нема внатрепартиска поддршка.

„И да е едното и да се директна причина и да се повод за нешто друго кажува дека позицијата на ДУИ во однос на коалицирањето со ВМРО-ДПМНЕ не е така монолитно во овој момент и има одредени отпори во рамките на ДУИ кои не можат да не бидат сфатени сериозно“, изјави Савески.

За политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, пак, оставките се само сигнал за демократски капацитет на одредени членови да се справат со незадоволството од начинот на кој функционира ДУИ.

Се надевам дека овој тип на политичко дејствување ќе се рашири малку во Македонија и ќе имаат рефлексија и другите политички партии дека во политиката оставката е морален чин и чин на укажување на незадоволство.

„Се надевам дека овој тип на политичко дејствување ќе се рашири малку во Македонија и ќе имаат рефлексија и другите политички партии дека во политиката оставката е морален чин и чин на укажување на незадоволство“, вели Муслиу.

Дали по овие оставки ќе следуваат други, останува да се види, вели Савевски но додава дека овие случувања не смеат да се занемарат зошто покажуваат дека под површината на работите, се крие големо незадоволство кое како што вели ја доведува во прашање и натамошното функционирање на владината коалиција.

„Дефинитивно овие оставки го имаат потенцијалот да ја променат позицијата на ДУИ во врска со продолжувањето на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи колку и да се незначителни, раководството на ДУИ мора да сериозно в предвид“, вели Савески.

Муслиу не исклучува дека овие оставки можат да предизвикаат потреси во коалицијата. Не верувам дека индивидуаланата одговорност кај одредени функционери на ДУИ ќе биде директна причина за распад на коалицијата, но не е исклучено тоа дополнително да влоши коалициските односи, вели Муслиу.

„Секако дека функционирањето на коалицијата е многу позависна од така наречените бомби или политичката тензија која е моментално присутна во општеството, но во такви случаи се може да биде тригер на порадикално дејствување“, вели Муслиу.

Под изговор дека се разочарани од политиките и програмите на ДУИ, но и од односот на Владата кон важните државни прашања викендов оставка од својата функција поднесоа заменик министерот за одбрана Арбен Лабеништа, генералниот секретар на ДУИ, Хазби Лика и заменик претседателот на огранокот на ДУИ во Арачиново, Шефик Дураки.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG