Достапни линкови

Перење на мозокот - ваши коментари


Граѓаните не трпат критики дека некритично ги примаат информациите што им се нудат, став на професор Бужаровска во неделното интервју. А коментари има и за текстовите за политичката криза.

Интересно е колку нашите граѓани реагираат на тврдењето дека јавноста кај нас некритички ги прима информациите што ѝ се сервираат затоа што упорно и бавно ѝ се пере мозокот преку пропагандни ТВ програми и реклами - тврдење што го искажа писателката и професор Румена Бужаровска во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

авноста е како трите мајмуни од приказната: ништо не гледам, ништо не слушам, ништо не зборувам, што е еднакво на ништо не знам.

Па Незабеган додава дека јавноста е како трите мајмуни од приказната: ништо не гледам, ништо не слушам, ништо не зборувам, што е еднакво на ништо не знам.

Мери од Виница, меѓутоа, директно ја напаѓа професорката на Филолошкиот факултет дека недолично се однесувала со студентите бруцоши кои едвај собрале пари за студирање, а уште на првиот час морале да одговараат на нејзини прашања кои требало допрва да ги учат. Па го фали премиерот што сега обезбедил интернет и компјутер за секој од студентите, кои тогаш морале да ги плаќаат нејзините скапи книги и скрипти, а сега глумела морал.

Што си мислеше таа дека ќе продолжи фамилијарното вработување како во нејзиниот случај, мајка ѝ па и таа, двете професорки на Филолошки?

Ана исто така ја напаѓа професор Бужаровска која наводно, вели, живее во медиумски мрак и се чуди дека професори се вработувале по партиска линија. „Што си мислеше таа дека ќе продолжи фамилијарното вработување како во нејзиниот случај, мајка ѝ па и таа, двете професорки на Филолошки“, зајадливо коментира Ана од Скопје.

Абракадабра напишал: „Камо среќа да имавме повеќе интелектуалци како неа, кои наместо да се кријат со главите в песок, да кажеа нешто за оваа крајно депресивна и безизлезна состојба во која западнавме благодарение на гарнитурава на власт“.

На забелешката во нашиот текст дека една година по изборите Македонија е длабоко во криза, потпишан со Метадонска напишал дека „Македонија не е во криза, кризираат домашните колаборационисти навлечени на пари од странство“.

Во врска со некои мислења на граѓаните, по објавувањето на ткн. бомби, дека и двете најголеми партии се исти, Незабеган смета дека за почеток е доволно што кризата полека излегува од македонскиот контекст, а Македонец до смрт забележува дека власта ги држи граѓаните само со страв и психичко тормозење, но ете, вели, се најдоа некои кои кажаа нешто за тоа колку е корумпирана и колку е навлезена власта во сите сфери, од чистач до директор.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG