Достапни линкови

Полска реагира на изјавата на директорот на ФБИ за Холокаустот


Полското министерство за надворешни работи итно го повика американскиот амбасадор во Варшава за да побара извинување откако директорот на ФБИ Џејмс Комеј сугерирал дека Полјаците биле соучесници во Холокаустот. Тој ова го напишал во текст објавен во весникот „Вашингтон пост“. Претходно, американскиот амбасадор Стивен Мал ваквите коментари ги оцени за погрешни и навредливи и додаде дека не ги рефлектираат американските погледи на историјата.

XS
SM
MD
LG