Достапни линкови

Состанок на ЕУ за кризата со имигрантите


Шефовите на дипломатиите на Европската унија денеска во Луксембург ќе расправаат за илегалната миграција. До ова доаѓа по страхувањата дека околу 700 имигранти се удавиле откако нивниот брод потонал на Медитеранот. Дваесет метарскиот рибарски брод потонал на 100 километри од брегот на Либија. Врз Европската унија постојано расте притисокот да стори нешто за да ги спречи ваквите трагедии. Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека е неопходна поинтензивна борба против шверцерите на луѓе. Од почетокот на годинава досега над 35 илјади баратели на азил и имигранти пристигнале во Европа.

XS
SM
MD
LG