Достапни линкови

Нова бомба на опозицијата: криминалите на Груевски во Центар


Денеска ќе слушнете и ќе се потсетите на она што сите ние го преживувавме и го знаеме, изјави Саша Богдановиќ, претседател на општинската организација на СДСМ во Центар, на денешниот собир на опозицијата, на кој, како што е речено се објавуваат телефонски разговори кои докажуваат какви криминали правеле властите на чело со премиерот Никола Груевски во општина Центар.

На денешниот собир во паркот во Капиштец, се објавуваат снимки кои се однесуваат на оштетувања на изборни штабови, исцртување на изгледот на центарот на Скопје од страна на премиерот Никола Груевски, расипување на лифтови во влезовите во зградите за да не можат граѓаните да излегуваат на избори и уште многу други работи, рече Богдановиќ. Тој истакна дека најголемата бомба ќе се случи идната недела, кога народот на референдум ќе решава за изгледот на Градскиот трговски центар во Скопје. Тој реферндум нема да биде само за трговскиот центар, туку ќе биде референдум за слободата, за демократијата и против Никола Груевски, додаде Богдановиќ.

На собирот во Капиштец, на кој се објавува новата таканаречена бомба на опозицијата за криминалите на власта, ќе се обрати и градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.

XS
SM
MD
LG