Достапни линкови

logo-print

Се стравува за 700 жртви во несреќата на Средоземното Море


Италијанските медиуми објавија дека се стравува оти околу 700 луѓе се загинати, откако во текот на ноќта брод со мигранти се преврте во близина на брегот на Либија. Италијанската крајбрежна стража денеска соопшти дека 28 луѓе се спасени во инцидентот, кој се случил веднаш откако бродот ги напуштил либиските води, јужно од италианскиот остров Лампедуса. Италијанската новинска агенција АНСА извести дека бродот можел да издржи 700 патници. Околу 20 илјади мигранти од Африка и Блискиот Исток оваа година стигнаа на италијанскиот брег, објави Меѓународната организација за проценки на миграцијата. Оваа година досега загинаа повеќе од 900 во обидите да преминат. Парата Франциско ги повика светските лидери да дејствуваат одлучно и брзо за да престаната ваквите трагедии.

XS
SM
MD
LG