Достапни линкови

ОН: поголема правна заштита за жените во Авганистан


Обединетите нации соопштија дека треба да се зајакне пристапот до правда за авганистанските жени, кои страдаат од насилство. Во денешниот извештај се вели дека само пет проценти од 110 анкетирани случаи биле решени во судскиот систем, што резултирале со кривично гонење и казнување на сторителите. Повеќето од жалбите за семејно насилство биле решени со посредство, наместо со обвинанија, се вели во извештајот. Исто така жените повеќе одбирале семејното насилство да се решава со медијација, делумно бидејќи не верувале во судскиот систем. Финансиската зависност од мажите и недостатокот на одредени права значи дека жртвите на семејно насилство не се подготвени да бараат кривични санкции против сторителите, се вели во извештајот. Криминализацијата на прељубата сериозно го ограничува правото на жените на слобода на движење и нивното право да ја напуштат насилната средина во која живеат. Уставните гаранции за еднакви права и заштита од насилство ретко се применуваат во практиката во Авганистан.

XS
SM
MD
LG