Достапни линкови

logo-print

Јемен го отфрли иранскиот мировен план


Владата на Јемен го отфрли мировниот договор за земјата, кој го достави Иран до Обединетите нации. Саудиска Арабија и сунитската арапска коалиција три недели ги бомбардираат Хути бунтовниците, кој се сојузници на Иран, со цел да се запре напредокот кој може да им даде целосна контрола врз земјата. Иранскиот план повикува на итно запирање на огнот од сите странски воени напади, хуманитарна помош, широк национален дијалог и формирање на влада на национално единство. „Ја одбиваме иницијативата на Иран“, изјави од Доха за Ројтерс портпаролот на јеменската влада. „Целта на иницијативата е само политички маневар“, вели тој. Владата во Јемен и нејзиниот поддржувач Саудиска Арабија го обвинија Иран за мешање во внатрешните работи во Јемен, како дел од неговите напори за доминација во регионот. Иран ги отфрла ваквите обвинувања.

XS
SM
MD
LG