Достапни линкови

logo-print

Хаменеи: иранското нуклеарно оружје е мит


Врховниот лидер на Иран, Ајатола Али Хаменеи изјави дека концептот за иранското нуклеарно оружје е фабрикуван од страна на САД за да го претстави Иран како закана. Во своето денешно обраќање до воените команданти, тој рече дека САД е вистинскиот извор на закана, а не Иран. „Тие креираат мит за нуклеарно оружје за да можат да кажат дека Исламската Република е извор на закана. Не, изворот на закана е самиот САД“, вели тој. Хаменеи истакна дека светските сили воено му се закануваат на Иран. „Дури и да не ги прават овие отворени закани, мораме да бидеме подготвени“, вели тој. Коментарите доаѓаат откако нуклеарните преговори меѓу Иран и светските сили треба да продилжат следната недела во Виена, со цел да постигнат конечен договор до крајот на јуни. Хаменеи потенцираше дека ниту поддржува, ниту се противи на рамковен договор со светските сили за нуклеарната програма на Иран, додавајќи дека ќе почека дека тоа не се финализира.

XS
SM
MD
LG