Достапни линкови

logo-print

ОН: итна хуманитарна помош за раселените во Ирак


Обединетите нации соопштија дека повеќе од 90 илјади луѓе се раселени поради борбите меѓу ирачките владини сили и милитантите на Исламската држава, во западната провинција Анбар. Хуманитарниот координатор на ОН во Ирак, Лисе Гранде, денеска изјави дека ситуацијата е драматична и оти само со итна хуманитарна помош може да се спасат животи. Таа рече дека главен приоритет е да се достави помош во храна, вода и засолништа за илјадници луѓе кои бегаат од своите домови. Групата на ИД овој месец претрпе голем пораз од ирачките владини сили и шиитската парамилиција во градот Тикрит, но сега се повлечени назад во Анбар. Провинциските власти оваа недела предупредија дека провинсискиот главен град Рамади е во опасност да биде преземен од милитантите. Ирачките сили се подготвуват за контра-офанзива против групата на ИД во Рамади, откако воени засилувања беа испратени од Багдад. Од јануари 2014 година, најмалку 2,7 милиони жители на Ирак беа раселени низ земјата, вклучително 400 илјади од Анбар.

XS
SM
MD
LG