Достапни линкови

Светските лидери ја повикаа Грција да избегне банкрот


Светските финансиски лидери ја повикаа Грција да постигне договор со меѓународните кредитори и да избегне банкрот, кој би ја потресол глобалната економија која се уште се опоравува од неодамнешната рецесија. Повикот е упатен синоќа од Вашингтон, по завршувањето на пролетните сесии на Меѓународниот минетарен фонд и Светската банка, пренесува БТА.

„Евентуалното банкротирање на Грција, освен што ќе предизвика проблеми за неа, ќе наштети и на светската економија“, предупреди американскиот министер за финансии Џејкоб Лу. Претседателот на Европската централна банка Марио Драги ја повика Атина да вложи повеќе напори, и тоа итно. Одговорот на кризата е во рацете на грчката Влада, потенцира Драги. Истовремено, тој увери дека еврозоната е подобро екипирана во однос на 2010-2012 во случај ситуацијата да се влоши.

XS
SM
MD
LG