Достапни линкови

logo-print

Претседателски избори во турскиот дел на Кипар


Гласачите во отцепениот северен Кипар денеска бираат претседател, чија главна задача ќе биде да ги претставува во разговорите за повторно обединување, кои се очекува следниот месец да продолжат на етнички поделениот остров. На анкетите за јавното мислење води конзервативниот сегашен претседател Дервиш Ероглу, пред шесте други кандидати, но не се очекува дека ќе добие доволно гласови во првиот круг, со што ќе се одлучува во вториот круг на 26 април, меѓу него и неговиот најблизок ривал. Само Турција ја признава самопрогласената Турска Република на Северен Кипар. Меѓународната заедница ја признава грчката влада во Никозаија како легитимна влада на целиот остров.

XS
SM
MD
LG