Достапни линкови

Техеран нема да дозволи странска инспекција на воени локации


Висок командант на иранската Револуционерна гарда, вели дека воени локации во земјата нема да бидат отворени за странска инспекција, под било каков нуклеарен договор со светските сили. Заменик лидерот на Гардата, Хосеин Салами, за државната телевизија денеска рече дека овозможување странска инспекција на воени локации е еднакво на „продавање.“ Иран и шесте светски сили на 2 април се договорија на рамка за конечен договор, кој ќе ја лимитира иранската нуклеарна програма во замена за ослободување од економските санкции. Тие го поставија 30 јуни како краен рок за постигнување договор. Во информативен лист за рамковната спогодба издаден од страна на Стејт департментот, се вели дека нуклеарната агенција на Обединетите нации ќе бера од Иран пристап до секоја сомнителна локација. Иран во неколку наврати соопшти дека неговите воени локации нема да бидат отворени за инспекција.

XS
SM
MD
LG