Достапни линкови

logo-print

Авганистанскиот претседател го посети Иран


Авганистанскиот претседател Ашрав Гани денеска пристигна во Техеран на дводневна посета на државата, што е негово прво официјално патување во соседна земја откако во септември ја презема функцијата. Државната телевизија на Иран го покажа Гани и неговиот ирански колега Хасан Рохани во палатата Садабад во Техеран, каде често се добредојдени високи претставници. Иранските медиуми известуваат дека разговорите на Гани со иранските лидери ќе бидат фокусирани на регионалната безбедност, напорите против трговијата со дрога и ситуацијата со авганистанските бегалци во Иран. Посетата на Гани доаѓа откако при масовни самоубиствениа напади во источениот авганистански град Џалалабад, загинаа најмалку 33 луѓе и беа повредени повеќе од 100. Гани за нападот ја обвини групата на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG