Достапни линкови

Заменик министерот за одбрана даде оставка по „бомбите“


Заменик министерот за одбрана од ДУИ, Арбен Лабеништа, даде оставка на функцијата и на сите партиски функции поради поради незадоволство од начинот на којшто функционира партијата во време на политичка криза, пренесуваат македонските медиуми на албански јазик.

„Нецивилизирани луѓе, неедуцирана демократија, недостатокот на етички и морални капацитети создава хаос, искористување, обесхрабрување, талог кој ќе ги покрие нашите напори за нашиот национален и општествен живот во иднина“, пишува Лабеништа во своето објаснување на мотивот за оставката којашто до министерството за одбрана и официјално ќе биде доставена во понеделник.

XS
SM
MD
LG