Достапни линкови

Груевски: народот го прочита СДСМ


Премиерот Никола Груевски на собирот во Прилеп изјави дека народот ги прочитал СДСМ дека и не им верува.

„Иако мислеа којзнае што ќе направат и го потценија нашиот народ, втора карика им беше меѓународната заедница и се колнеа во неа како во единствен апсолут и од таму не го добија тоа што го сакаат, па сега се обидуваат со провидни наслови и контексти да презентираат демек којзнае каква поддршка имаат, рече Никола Груевски.

Тој додаде, дека тоа СДСМ го прават за да ги надоместат лагите кои им ги кажувал моменталниот предводник на опозицјата на своите следбеници, дека странците се јако зад нив и ние само што не сме паднале.

„Лажеше како никој и сега мора да го перат медиумите на Сорос, кај што патем кажано освен како што ви кажав се говори дека дури и тој самиот фрлал по некое евро, односно по некое плико со евра, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека не може да разбере од „каде тој комплекс кај нив така да се однесуваат поданички и возбудено како кутре кое мафта со опавчето кога некој ќе ги праша дали странците ги поддржуваат“.

„Еве јас ќе ви кажам што поддржуваат странците. Тие поддржуваат ова да заврши што е можно побрзо, затоа што и сакаат добро на државава и се свеснидека штетата која овој човек со ова однесување и ја прави на државата е огромна и може да ги загрози нејзините перспективи.

Странците сакаат сериозно и одговорно пристапување кон процесот ,,Пуч“ и кон наводите произлезени од нападите на опозицијата. Странците, вели Груевски, сакаат стабилна Македонија која ќе продолжи по реформскиот курс и ќе создава подобри услови и можности за граѓаните низ демократски процеси. Сето тоа е во ред и треба да се земе сериозно и одговорно и ние тоа го правиме, во контекст на аспирациите и стратешките определби на Македонија за влез во ЕУ и НАТО, додаде Груевски.

XS
SM
MD
LG