Достапни линкови

logo-print

Словенија бара Србија да и го врати културното наследство од Југославија


Словенија и предала на Србија листа на дела од „словенечкото културно и дипломатско наследство“ што се наоѓаат во некогашните сојузни институции на поранешна Југославија и во музиите и архивите во Белград. Словенија бара тие да и бидат вратени врз основа на договорот за сукцесија на СФРЈ. Како што јави ХИНА, високата претставничка на Словенија за прашања поврзани со сукцесијата, Ана Полак-Петрич за љубљанскиот весник „Дневник“, изјавила дека на листата има 313 уметнички предмети и документи, што се наоѓаат на територијата на Србија. Листата вчера му била предадена на српскиот амбасадор во Љубљана, Алескандар Радовановиќ . Заедничкото култирно и дипломатско наследство десега не беше во центарот на преговорите за сукцесија на СФРЈ, кои во најголема мерка беа насочени кон недвижностите и финансиските средства.

XS
SM
MD
LG