Достапни линкови

logo-print

Рама: неизбежно обединување на Албанија и Косово


Албанскиот премиер Еди Рама синоќа го повторил својот став за обединување на Албанија и Косово, кој претходно предизвика реакции на Белград, но и на меѓународната заедница.

„Реков дека обединувањето е нешто неизбежно и неспорно и тоа ќе се случи на патот кон Европа“, изјавил Рама во интервју за телевизијата Скај Њуз Арабија. Тој повторил дека ако обединувањето на Албанија и Косово не се случи во рамките не ЕУ, тогаш тоа може да се случи на друг начин: „Другиот начин е можен доколку Европа не се вмеша во стратешките калкулации на балканските држави и во промена на изгледот на Блакнот“, рекол Рама.

Како што јави Танјуг, слична изјава за обединување на Албанија и Косово, Рама даде и при неодманешното заедничкото интервју со косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи за телевизијата Клан Косова. Рама тогаш рече дека Албанија и Косово ќе се обединат на „класичен начин“, доколку ЕУ не го отвори патот за евроинтеграција на Приштина и за визна либерализација. „Обединувањето на Албанија и Косово има две алтернативи и се зависи од пристапот на ЕУ.“

Властите во Белград жестоко реагираа на ваквата изјава, а српскиот премиер Александар Вучиќ тогаш им порача декаРама и Тачи дека „нема да го исполнат сонот за обединување на Албанија и Косово, без разлика кој и да ги поддржува во тоа.

XS
SM
MD
LG