Достапни линкови

logo-print

Прекинати пет телевизиски канали на Крим


Главниот кабелски телевизиски провајдер во градот Евтапорија на Крим, престана да емитува пет украински телевисиски канали. Според соопштението на кабелскиот оператор „Елас“, каналите биле прекинати поради тоа што немаат регистрација од руската влада. „Интер плус“ е сега единствениот достапен украински телевисики канал во Евтапорија. Претходно овој месец, де факто руските власти на Крим, ја затворија телевизијата АТР на кримско-татарски јазик во Симферпол, откако не беше во можност да обезбеди регистрација и покрај тоа што поднесе апликација. Амнести интернешнал, затворањето на АТР и на другите медиуми на кримските Татари, го нарече „бесрамен напад на слободата на изразувањето под маската на административните процедури и суров обид да се задушат независните медиуми“.

XS
SM
MD
LG