Достапни линкови

logo-print

Иран со остри критики кон Саудиска Арабија


Иранскиот претседател Хасан Рохани остро ја крикуваше Саудиска Арабија, обвинувајќи го Ријад дека обезбедува финансиска помош и оружје за терористи во Сирија, Либан и Ирак. Во денешниот говор, Рохани ја нападна коалицијата предводена од Саудиска Арабија која извршува воздушни напади во Јемен. Претходно, иранскиот врховен лидер, Ајатола Али Хаменеи изјави дека нападите претставуваат големо злосторство и геноцид. „Го посадивте семето на омразата во регионот и ќе порано или подоцна ќе го видите одговорот, рече Рохани обраќајќи му се на саудиското кралско семејство. Саудиска Арабија го обвини Техеран дека им обезбедува оружје на Хути бунтовниците, а Иран тоа го негира. Иран во Обединетите нации презентираше мировен план во четири чекори за Јемен, кој повикува на итно запирање на огнот, хуманитарна поддршка и национален дијалог кој ќе доведе до формирање на влада за национално единство.

XS
SM
MD
LG