Достапни линкови

Грција може да ја дестабилизира светската економија


Американскиот министер за финансии Џејкоб Лју, синоќа изјави дека евентуален неуспех на преговрите меѓу Грција и меѓународните кредитори би можел да предизвика нестабилност и загрозување на економијата не само во ЕУ, туку и во целиот свет.

„Доколку не биде постигнат договор, ќе бидат предизвикани непосредни проблеми за Грција, но тоа ќе доведе и до нестаблиност во Европа и во светската економија во целина“, порача Лју во Вашингтон по средбата со холандскиот министер за финансии и претседател на Еврогрупата, Јерум Дејсеслблум.

Западните медими јавија дека на средбата Лју го охрабрил Дејселблум да продолжи со неговиот ангажман за постигнување на „конструктивен резултат“. Грција преговара со меѓународните кредитори за исплата на последната транша од помошта во износ од 7,2 милијарди евра, по што планира да почне разговори за преструктуирање на нејзиниот државен долг. Кредиторите бараат до Атина во замена за исплатата на последната транша, да презентира детална програма на рефоми што планира да ги спроведе.

XS
SM
MD
LG