Достапни линкови

logo-print

Тачи-Посетата на Белград израз на добра волја за мир


Шефот на косовската дипломатија Хашим Тачи

Шефот на косовската дипломатија Хашим Тачи

Шефот на косовската дипломатија Хашим Тачи изјави дека неговата намера да отпатува во Белград претставува „израз на добра волја за мир, соработка и помирување меѓу Косово и Србија“. Тачи доби покана да учествува на конференција посветена на евроинтеграцијата на балканските земји.

Во интервју за порталот gazetaexpress.com, тој нагласи дека помирувањето меѓу Приштина и Белград е во интерес на целиот регион. Во однос на тоа дека ќе биде уапсен доколку влезе во територијата на Србија, Тачи порача дека обвинувањата против него за тероризам потекнуваат од крајот на 90-те години на минатиот век, време кое е „црн период како за Србија, така и за регионот“.

XS
SM
MD
LG