Достапни линкови

Обама ги повика лидерите на Блискиот Исток во Белата куќа


Американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама ги повика лидерите на Советот за соработка меѓу заливските земји да ја посетата Белата куќа и кампот Дејвид. Според соопштението, Обама ќе се сретне со лидерите на Бахреин, Кувајт, Оман, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати на 13 мај во Белата куќа, а наредниот ден ќе го посетат претседателското одморалиште во Мериленд. Средбите, како што е наведено ќе бидат можност за лидерите да разговараат за начините за подобрување на нивното партнерство и продлабочување на безбедносната соработка.

XS
SM
MD
LG