Достапни линкови

Асад ја обвини Турција за преземањето на градот Идлиб


Сирискиот претседател Башар ал Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад ја обвини Турција за падот на северозападниот сириски град Идлиб во рацете на исламските милитанти во минатиот месец. Според него, големата логистичка и воена поддршка од Турција имала клучна улога во поразот на неговите сили во Идлиб. Турските власти ги негираа обвинувањата на Асад. Исламските групи, меѓу кои и огранокот на Ал Кадеа во Сирија, Фронтот Нусра ја преземаа контролата врз Идлиб, кој се наоѓа во близина на турската граница.

XS
SM
MD
LG