Достапни линкови

ОН загрижени за човековите права во источна Украина


ОН соопштија дека се загрижени оти состојбата со човековите права во некои делови од источна Украина уште повеќе ќе се влоши поради прекршувањата на примирјето. Портпаролката на комесарот за човекови права на ОН, Равина Шамдасани изјави дека има извештаи за интензивирање на борбите, особено во близина на аеродромот во Доњецк и во околината на селото Широкине.

Според неа, минофрлачи, артилерија и тенкови биле користени што е прекршување на договорот за примирје постигнат во Минск, Белорусија. Шамдасани порача и дека прекршувањата биле пријавени и од украинските сили и од проруските сепаратисти.

XS
SM
MD
LG