Достапни линкови

Ирачките сили ја преземале контролата околу најголемата рафинерија


Ирачките власти соопштија дека владините сили ја преземале контролата врз спорната област во јужниот дел на земјата каде се наоѓа најголемата рафинерија за нафта како дел од тековните операции против милитантите на Исламската Држава. Генералот Ајад ал Лахаби изјави дека владините сили поддржани од воздушните напади на коалицијата предводена од САД и шиитската милитија успеале да ја преземат контролата врз градовите Ал Малха и Ал Мазрах, кои се наоѓаат на три километри од рафинеријата Баиџи. Според Лахаби, околу 160 милитанти загинале во борбите.

XS
SM
MD
LG