Достапни линкови

ЕУ-Во вторник нова рунда преговори Србија- Косово


Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини со српскиот и косовскиот премиер, Александар Вучиќ и Иса Мустафа.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини со српскиот и косовскиот премиер, Александар Вучиќ и Иса Мустафа.

ЕУ ќе биде домаќин на наредната рунда преговори во наредната недела помеѓу премиерите на Србија и Косово. Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини ќе се сретне со српскиот и косовскиот премиер, Александар Вучиќ и Иса Мустафа на 21 април со цел да се разгледа напредокот во имплементацијата на она што било договорено во дијалогот. Србија, која не ја признава независноста на Косово договорот за нормализација на односите меѓу двете земји го потпиша во 2013 година.

XS
SM
MD
LG