Достапни линкови

Ји-Одговорност од сите страни за надминување на политичката криза


Американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Ји

Американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Ји

Американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Ји денеска се сретна со лидерот на Социјалдемократски сојуз Зоран Заев. Тема на разговорите била актуелната политичка криза во Македонија, начините за нејзиното надминување, но и евроатланските интеграции. Ји по средбата изјави дека од Заев побарал да најде начин СДСМ да се врати во Парламентот и заедно со сите засегнати страни да се однесуваат одговорно со цел да се надмине политичката криза. Но, според него и Владата треба да ја адресира содржината на прислушуваните разговори.

XS
SM
MD
LG