Достапни линкови

Ахмети побарал помош од меѓународите пријатели за кризата


Лидерот на ДУИ Али Ахмети

Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави денеска дека побарал помош од меѓународните пријатели во олеснувањето и започнувањето на дијалогот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Тој по денешната средба со амбасадорите на САД, Велика Британија, Турција, Данска и ЕУ при ОБСЕ во Виена изјави дека неговата партија би се приклучила на процесот во понатамошна фаза односно во моментот на изготвување на агендата. Според него, ДУИ засега не гледа зошто би бил дел од проблемот и партијата настојува да помогне во негово решавање. Менаџирањето на разговорите од страна на ЕУ, според Ахмети, треба да го подигне нивото на доверба кон завршувањето на овој процес.

XS
SM
MD
LG