Достапни линкови

Комеморација за жртвите од падот на авионот на Германвингс


Комеморација во чест на патниците кои загинаа во минатиот месец кога авион на Германвингс се урна во француските Алпи денеска беше одржана во катедрала во Келн. На комеморацијата присуствуваа околу 1400 лица, меѓу кои и роднини на жртвите, верски и политички лидери, како и германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот Јоаким Гаук. Во чест на жртвите знамињата во Германија беа поставени на пола копје. Сите 150 патници на авионот кој леташе од Барселона до Дизелдорф загинаа во несреќата.

XS
SM
MD
LG