Достапни линкови

ОН бараат 273 милиони долари за Јемен


ОН бараат околу 273 милиони долари со цел да се задоволат хуманитарните потреби на Јемен во наредните три месеци. Барањето на организацијата доаѓа откако се интензивираа борбите во јужниот дел на Јемен, при што продолжуваат воздушните напади од коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз позициите на шиитските бунтовници Хути. Според ОН, најмалку 150 илјади луѓе биле принудени да ги напуштат нивните домови, а најмалку 767 лица загинале за време на конфликтот.

XS
SM
MD
LG