Достапни линкови

Русија со критика за американските војници во Украина


Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитри Песков

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитри Песков

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитри Песков упати критика за пристигнувањето на 300 американски падобранци во Украина кои ќе ги тренираат војниците од Националната гарда. Според него, нивното присуство може да ја дестабилизира ситуацијата во земјата. Украинските сили се борат со проруските сепаратисти во источниот дел на земјата од април во минатата година, при што повеќе од 6000 луѓе загинаа во конфликтот.

XS
SM
MD
LG