Достапни линкови

Москва ги обвини САД за кризите во светот


Високи руски функционери ги обвинија Соединетите држави дека сакаат да воспостават политичка и воена доминација во светот. Според нив, Вашингтон и Западот ја сноселе главната одговорност за меѓународните безбедносни кризи, вклучувајќи го и конфликтот во источна Украина.

Со реторика која посетува на онаа од Студената војна, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги обвини Соединетите држави и нивните сојузници за обид да го зближат Киев кон Западот. Тоа, според него, било закана за Москва која била присилена да реагира.

„Соединетите Држави и нивните најблиски сојузници ги минаа сите можни линии во обидот да го донесат Киев во нивна орбита. Тоа не можеше да остане без наша реакција“, изјави министерот Шојгу на годишната безбедносна конференција во Москва, додавајќи:​

„Некои земји кои се сметаат за победнички во Студената војна се обидуваат даја наметнат нивната волја врз други. Тие го толкуваат меѓународното право според нивна волја и користат двојни стандарди.“

Според Шојгу, притоа главна цел е да се оддалечат овие земји од Русија со која, како што изјави, имале заедничка култура и историја.

Некои земји кои се сметаат за победнички во Студената војна се обидуваат даја наметнат нивната волја врз други. Тие го толкуваат меѓународното право според нивна волја и користат двојни стандарди.

Русија го анектира Крим од Украина во март минатата година по, како што оцени Москва, „неуставниот државен удар“ кога по масовните протести беше соборен од власт прорускиот украински претседател кој се откажа од договорот за поблиски односи со Европската унија.

Веднаш потоа се прошири бунт во источните украински региони, како и судири меѓу проруските сепаратисти и украинските сили во кои досега загинаа над 6 илјади луѓе.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера повтори дека во Украина немало руски воени сили и оти Москва воено не им помага на сепаратистите.

Говорејќи за време на телевизиската сесија на прашања и одговори тој порача дека има суперсили кои се сметаат себеси за единствениот центар на моќта во светот.

Таквите нации, како што рече, не сакале сојузници, туку имале потреба од вазали, мислејќи на САД.

Според него, Русија не може да егзистира во таков систем на односи.

Инаку, рускиот министер за одбрана Шојгу се обиде да ги отфрли западните критики дека Русија сака со сила да ги прекрои европските граници, укажувајќи на воената вмешаност на Западот во Србија, Ирак и Либија.

На конференцијата учествуваше и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, како и високи претставници на Иран и Северна Кореа кои ја искористија конференцијата за да го нападнат Западот.

Севернокорејскиот министер за одбрана Хион Јонг Чол притоа рече дека неговата земја била подготвена да им се спротивстави на Соединетите Држави, дури и со користење нуклеарно оружје.

Иранскиот министер за одбрана Хосеин Деган пак, изрази надеж дека со помош на Меѓународната агенција за атомска енергија ќе биде постигнато конечно решение за нуклеарната програма на неговата земја.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG