Достапни линкови

Заеднички воени вежби на Романија и САД


Дванаесет американски борбени авиони од типот А10 Тандерболт Два ќе бидат стационирани во Романија до јули годинава заради заеднички вежби на воените воздухопловства на двете земји. Целта на вежбите е гарантирање сигурност на државите кои страхуваат од влијанието на Русија во регионот. Во рамките на операцијата „Атлантска решеност“ вчера во Романија во близина на границата со Украина почнаа маневри кои ќе траат до 30 април и на нив учествуваат околу 2 илјади и 200 романски, американски, британски и молдавски војници.

XS
SM
MD
LG