Достапни линкови

logo-print

Хојт Ји на средба со лидерот на СДСМ Заев


Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Азија Хојт Ји

Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Азија Хојт Ји

Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Азија Хојт Ји, како што е најавено, денеска во Скопје ќе разговара со лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тој по вчерашната средба со премиерот Никола Груевски изјави дека власта треба да се посвети подеднакво сериозно на содржината на прислушуваните разговори, колку што ги зема сериозно обвинувањата против лидерот на опозицијата Заев. Осврнувајќи се врз опозицијата, Хојт Ји изрази надеж дека таа ќе може да се врати во Парламентот што е можно поскоро за да ја одигра демократската улога за која е избрана. Тојдодаде дека ја пренел пораката оти Соединетите држави се силни поддржувачи на македонските евроатлански интеграции. Хојт Ји вчера имаше средби и со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

XS
SM
MD
LG