Достапни линкови

Земјотрес кај Крит, нема информации за штети


Крит

Крит

Земјотрес со сила од 6,1 степени вчера вечер бил забележан во близина на островот Крит. За сега нема информации за повредени и за поголема материјална штета. Епицентарот бил на дното на Егејско море на околу 50 километри од зоната каде што се спојуваат африканската и европската тектонска плоча, соопшти американскиот Центар за геофизика.Земјотресот се почувствувал и на островите Карпатос и Родос. Грција годишно ја погодуваат скоро 3 илјади главно послаби земјотреси.

XS
SM
MD
LG