Достапни линкови

Заев - Нема амнестија, сè што е украдено ќе биде вратено


Претседателот на СДСМ Зоран Заев, по денешната „бомна“ во Охрид рече дека никој нема право да вети амнестија. Сè што имаат украдено и изнудено и ограбено ќе го вратат на народот и државата, рече Заев.

На сите, и на тие од власта, им е јасно дека ниту Билјанини Извори не можат да ги исперат, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев на маршот на опозицијата во Охрид. Заев рече дека власта почнала да влегува во црни сценарија палејќи автомобили на активисти на СДСМ. Заев кажа дека ова не е битка на опозицијата против власта, туку битка на целиот народ против врхушката и поединци од власта. Заев рече дека никој нема право да вети и договара амнестија.

Следуваат чувствителни материјали како докази и аргументи. Затоа ве повикувам и Македонците и Албанците и Турци и Роми и Власи и Бошњаци и сите етнички заедници кога ќе го почувствувате тоа што е чувствително во материјалите и поривот и гневот ќе работи во вас, не се срдете на спротивната етничка заедница, не ги обвинувајте ниту членовите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи виновните се поединци од врхушката на власта.

„Притоа треба да знаат сите дека сè што имаат украдено и изнудено и ограбено ќе го вратат на народот и државата. Од тоа бегање нема“, рече Заев.

Томислав Тунтев.

Томислав Тунтев.

Заев од Охрид порача дека сè уште остануваат отворени за преговори, но оти нема да потклекнат на притисоците ниту на меѓународната заедница. Тој рече дека ѝ се броеле деновите на оваа власт и оти до крај ќе ја објавеле целата вистина за Македонија, па и оние најчувствителните теми.

„Следуваат чувствителни материјали како докази и аргументи. Затоа ве повикувам и Македонците и Албанците и Турци и Роми и Власи и Бошњаци и сите етнички заедници кога ќе го почувствувате тоа што е чувствително во материјалите и поривот и гневот ќе работи во вас, не се срдете на спротивната етничка заедница, не ги обвинувајте ниту членовите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи виновните се поединци од врхушката на власта“, рече Заев.

Претходно во Охрид, претседателот на Општинската организација на СДСМ Томислав Тунтев објави материјали кои се однесуваат на Охрид. Тунтев рече дека преку овие разговори граѓаните имале можност да слушнат за злоупотребата на медиумите од страна на власта, за парцели во Охрид кои биле во интерес на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, за фабрикувани скандали и местенки пред локалните избори. Помеѓу објавените разговори беа и оние кои се однесуваат на поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески, за кои, како што велат од СДСМ, се гледало како власта го монтирала апсењето на Петрески, но и за присуатво на т.н пара-полициски сили во Охрид пред и за време на локалните избори во 2013 година.

„Прв машки глас: Прво овој да го уапсиме Ацо и тој другио после шо сакаш.

Втор машки глас: Ќе ги мафнит како ххахах... Обавезно тие, шо, немат тука...“

„Машки глас: А бе, за овој ќе има ли нешо за Ацо Петрески?

Женски глас: Ќе има.

Машки глас: Да живее Македонија. Фала.

Женски глас: Само имам, таму имам доста работа, малку, треба време малку.“

На бомбата на СДСМ, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

„Локалното раководство на СДСМ од Охрид се обиде преку нивната добро позната пракса со креирани, монтирани и неповрзани прислушувани и приватни разговори, да внесат конфузија и сомнеж кај локалното население на Охрид во нивната сопствена и јасно изразена волја на локалните избори во 2013 година во Охрид. Сите граѓани на Охрид, вклучително и денешното раководство на СДСМ од Охрид, а и целокупната македонска јавност, мошне добро ги знаат причините за исходот од локалните избори во 2013 година во Охрид изразени со најголема изборна победа во историјата на Охрид или приближно 8.000 разлика помеѓу нашиот кандидат и кандидатот на СДСМ. Добро знаат дека причините за толкавата разлика има долга генеза. Генеза која започна уште при изборите во 2005 година кога општинската изборна комисија поради дојава за поставена бомба во просториите на Локалната самоуправа мораше да ги напушти истите за да се промени тогашната волја на гласачите“,велат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

XS
SM
MD
LG