Достапни линкови

logo-print

Ахмети и Хојт Ји разговарале за политичката криза


Вашингтон да ги охрабри партнерите во Брисел за да продолжи со поинтензивен процес на преговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, особено во пресрет на министерскиот состанок на НАТО во мај, порачал лидерот на ДУИ Али Ахмети на средбата со Хојт Ји, заменик помошникот државен секретар, надлежен за Европски и Евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент, како и со американскиот амбасадор во Скопје, Џес Бејли. Средбата се одржа во Амбасадата на САД во Скопје. Во партиското соопштение се наведува дека Ахмети рекол оти секое решение на политичката криза треба да биде резултат на политичкиот дијалог помеѓу партиите во земјата.

„Не само ДУИ, туку сите граѓани имаат инвестирано многу во Евроатлантскиот интегративен процес и затоа сите треба да покажат одговорност и демократски институционален капацитет за решавање на политичката криза која сериозно влијае на имиџот на земјата во очите на меѓународната заедница“, рекол Ахмети, се наведува во соопштението на ДУИ.

Ји и Ахмети разговарале и за придонесот на ДУИ за надминувањето на актуелната криза, како и за интеграцијата на Македонија во НАТО.

XS
SM
MD
LG