Достапни линкови

Тачи се надева дека ќе отпатува за Белград


Косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи.

Косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи.

Советникот на косовскиот министер за надворешни работи Ардијан Арифај изјави денеска дека неговиот шеф Хашим Тачи се надева дека ќе отпатува во Белград за да учествува на конференција за евроинтеграциите и покрај најавите за негово апсење. Според Арифај, Тачи ја добил поканата и е подготвен да оди во Белград, но дали навистина ќе отпатува зависи од властите на земјата.

Танјуг јави дека невладината организација Младински одбор за образование, која го покани Тачи на конференцијата добила потврда дека тој ќе земе учество. Претходно, српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ изјави дека потерницата по Хашим Тачи е се уште во сила во Србија, па од тие причини тој може да биде уапсен доколку дојде во земјата.

XS
SM
MD
LG