Достапни линкови

Путин-Русија нема да биде вазал на САД


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека неговата земја нема да биде вазал на САД. Говорејќи за време на телевизиската сесија на прашања и одговори тој порача дека има суперсили кои се сметаат себеси за единствениот центар на моќта во светот. Таквите нации, според него, не сакаат сојузници, туку имаат потреба од вазали, мислејќи на САД. Според него, Русија не може да егзистира во таков систем на односи. Одговарајќи на друго прашање Путин изјави и дека нацизмот и сталинизмот не може да се поистоветуваат.

XS
SM
MD
LG