Достапни линкови

logo-print

СДСМ: Пара-полициски сили за изборни местенки во Охрид


Во прислушуваните разговори, како што велат од СДСМ, станува збор за манипулација со медиумите, за тоа како нелегално се делат парцели во Охрид, како за време на локалните избори сите државни институции биле злоупотребени за интересите на ВМРО-ДПМНЕ, а дури и параполициски структури биле пуштени во градот.

СДСМ од Охрид како дел од проектот „Вистината за Македонија“ објави разговори помеѓу високи владини функционери кои се однесуваат на Охрид.

Томислав Тунтев претседател на СДСМ Охрид, рече дека во прислушуваните разговори кои ги објавиле, јавноста ќе имала можност да слушне за манипулации со вистината и злоупотребата на медиумите од страна на власта на Никола Груевски, за парцели во Охрид кои биле во интерес на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, фабрикувани скандали и местенки пред локалните избори.

СДСМ презентираше разговори, од кои како што велат, се гледа како власта го монтирала апсењето на поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески и за присуство на т.н пара-полициски сили во Охрид пред и за време на локалните избори во 2013 година.

„Во првиот разговор Миле Јанакиевски лично бара да биде уапсен Аце Петрески, а во вториот разговор Мартин Протоѓер ја прашува Гордана Јанкулоска дали ќе има нешто за Ацо. Вели дека ќе има, но за тоа и требало малку време, како што вели, да не биде без врска работата. Ќе слушнете и една реченица од Јанкулоска која ја опишува целата суровост и нечовечност на оваа власт во справувањето со политичките неистомисленици .На кој ќе му се закачиме нема бегање, така вели Јанкулоска“, рече Тунтев.

Во првиот сет разговори, како што рече Тунтев, се слуша како власта во Охрид се поигрува со човечки судбини и правеле местенки и нарачки во провладините медиуми. Исто така беа објавени разговори за Студенчишкото Блато кое е заштитено со закон на природата во кои како што рече Тунтев се гледа зошто градската власт не била заинтересирана за заштита на блатото.

„Зошто практично е намален појасот од блатото што треба да биде строго заштитен и како се игнорира нашето природно наследство, за сметка на личните интереси. Ќе слушнеме како Миле Јанакиески од позиција на министер за транспорт и врски му сугерира на Мартин Протоѓер да ја регулира сопственоста на земјиштето кај населбата Рача во близина на остатокот на Студенчишкото блато. Протоѓер договара вцртување на имотот и промена на планови, урбанизација и усна продажба на земјиштето иако на тоа место било планирана туристичка развојна зона и заштита нма Студенчишкото блато“, рече Тунтев.

На објавувањето на т.н бомби за Охрид присустувуваа голем број граѓани помеѓу кои и поранешниот градоначалник Александар Петрески.

XS
SM
MD
LG