Достапни линкови

Премиера на претставата „Б. - те сакам!“ во Интимен театар


Со премиерните изведби на претставата „Б. - те сакам“, работена по текстови на Александар Дошиќ, Ана Жежовска која својата инспирација ја наоѓа во стринберговата „Госпоѓица Јулија“ и врз документарни материјали, а во режија на Димитар Шутевски, овој петок и сабота, на 18 и 19 април, во 20 часот, во Интимен театар – Битола ќе биде заокружено едногодишното делување на младинската сцена која во своите проекти ја акцентира потребата за експеримент.

Во Битола, во деновите од претстојниот викенд, ќе се случува млад, храбар и бескомпромисен театар. Со премиерата на претставата „Б. - те сакам“ ќе биде заокружено едногодишното делување на младинската сцена во Интимен театар која во своите проекти ја заговара потребата за експеримент и себепреиспитување во времево во кое живееме.

Проектот е работен по текстови на Александар Дошиќ, Ана Жежовска која својата инспирација ја наоѓа во стринберговата „Госпоѓица Јулија“ и врз документарни материјали, во него како актери настапуваат и Христина Стефановска, Симеона Павловска и Благој Јовановски, а режисер е Димитар Шутевски.

Ние зборуваме за нашите лични животи во претставата така да во одредени моменти и не може да стане збор за играње на некакви улоги бидејќи нам ни остануваат проблемите.

Интересно за оваа група на млади луѓе е што сите се студенти по германски јазик на факултетите на универзитетите во Скопје и Битола кои решиле својата љубов кон уметноста, кон театарот, да ја развиваат паралелно во правците по кои што се распостила и Интимен театар, неговите заложби за експеримент со театарскиот израз и акцентот на работа со телото.

Говорејќи за актуелниот проект „Барбара те сакам!“, Шутевски вели дека си поставиле цел да обработуваат теми од социјалниот живот. Притоа нагласува дека методот и пристапот на работа во нивниот случај се изобличува и дека се еднодушни во одлуката да не и робуваат на „класиката“. Затоа и се решиле претставата да ја темелат на тектови на неколку автори.

Според мене најважно е да се има вакви младински сцени заради критичкиот поглед, заради различната гледна точка што тие млади луѓе ја даваат во однос на проблемите што на сите нас ни се случуваат.

Најнапред посегнале по „валканиот реализам“ на Дошиќ кој зборува за тоа кои сме, какви сме и каков е нашиот начин на живеење во овој дел од светот. Потоа го превзеле и преадаптирале за 21-от век стринберговиот текст „Госпоѓицата Јулија“, односно Ана Жежовска напишала свое видување базирано врз мотивите од ова дело, а третиот момент во приказната се документарните материјали.

„Ние зборуваме за нашите лични животи во претставата така да во одредени моменти и не може да стане збор за играње на некакви улоги бидејќи нам ни остануваат проблемите. Ние немаме потреба да се завиткуваме во некакви одредени рољи, никакви метафори. Само директно одиме кон публиката и само така можеме да ја реализираме нашата социјално определена улога. Односно да посредуваме проблем. Проблем кој што е еквивалентен и актуелен денес. Тоа не е проблем векови наназад и веќе е изобличен и неадекватен, туку едноставно гола сегашна реалност“, потенцира режисерот.

Од друга страна, Софија Ристевска вели дека младинските сцена за една театарска куќа се исклучително важни затоа што на овој начин младите луѓе имаат можност да го кажат своето мислење на најразлични теми. Дека притоа тие имаат единствено свежа гледна точка врз проблемите. Дополнува дека оваа сцена, во нејзиниот Интимен театар, е опиплива реалност која трае цела една година и дека тие силно ја стимулираат затоа што пред сė, од една страна, на тој начин младите се воспитуваат да бидат активни гледачи и проследувачи на театарскиот живот во државата, но од друга на овој начин ги поттикнуваат критички да размислуваат за најразлични теми и конечно да експериментираат со себе до бескрај.

„Според мене најважно е да се има вакви младински сцени заради критичкиот поглед, заради различната гледна точка што тие млади луѓе ја даваат во однос на проблемите што на сите нас ни се случуваат. За да се негува нивниот начин на размислување. Затоа што многу често начинот на кои што тие ги гледаат проблемите е многу важен и многу интересен.“

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG