Достапни линкови

logo-print

Националниот ден на холокаустот одбележан во Скопје


Во Меморијалниот центар на Евреите во Скопје денеска беше одбележан Јом Ашоа - Националниот ден на холокаустот што Израел го одбележува во знак на сеќавање на востанието на Евреите во Варшавското гето - 1943 година и на шесте милиони Евреи убиени во холокаустот.

Претседателот на Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите во Македонија, Пепо Леви порача дека не треба да си дозволиме да се заборави најголемиот злостор во човековото постоење. Во чест на одбележување на Јом Ашоа, беше откриен и споменикот за сеќавање на 7.144-те жртви Евреи од Македонија, изработен од вајарката Валентина Стефановска.

Претседателката на Еврејската заедница во Македонија, Берта Романо-Николиќ изјави дека без сеќавање нема иднина и дека не смее да се заборават жртвите, a на младите генерации да им се овозможи да научат за холокаустот и за страдањата од Втората светска војна.

XS
SM
MD
LG