Достапни линкови

„Бомба“ на СДСМ: Пара-полиција во Охрид


Томислав Тунтев, СДСМ Охрид.
Томислав Тунтев, СДСМ Охрид.

Во денешната таканаречена бомба на СДСМ во Охрид можеше да се слушнат разговори за тоа како власта вршела злоупотреба на медиуми, местење на избори, продажба на земјиште и договарала апсење на градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.

Манипулации со вистината и злоупотребата на медиумите од власта, продажба на парцели во Охрид, фабрикување скандали и местење избори во интерес на ВМРО ДПМНЕ и како власта планирала да го затвори поранешниот градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ. Ова можеше да се слушне од последната така наречена бомба на СДСМ, која денеска беше презентирана од претседателот на Општинската организација на партијата во Охрид Томислав Тунев.

Во првиот сет меѓу шефот на кабинетот на премиерот, Мартин Протуѓер и уредникот на Сител, Драган Павловиќ Латас, според СДСМ се слуша како и во Охрид власта си поигрува со човечки судбини преку местенки и нарачки во провладините медиуми за невин човек- директор на средно училиште да биде оцрнет преку наводен скандал, бидејќи бил поставен на функцијата од градоначалникот кој доаѓа од редовите на СДСМ.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:41 0:00
Директен линк

Во вториот сет на разговори меѓу Протоѓер и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, како што наведуваат од СДСМ, можеше да се слушне зошто градската власт не е заинтересирана за Студенчишкото блато кое треба да е строго заштитено и како се игнорира историското наследство поради лични интереси и за продажба на земјиште на луѓе блиски до власта.

please wait

No media source currently available

0:00 0:06:30 0:00
Директен линк

За изборните злоупотреби и изборниот криминал на ВМРО ДПМНЕ, според СДСМ, можеше да се слушне во третиот сет на 11 разговори меѓу повеќе претставници на власта. Како сите државни институции, како и МВР и полицијата се ставени на располагање за по секоја цена да биде освоен Охрид, а ангажирани биле и параполициски формации.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:21 0:00
Директен линк

Беше презентирана и дел од комуникација преку смс пораки меѓу Гордана Јанкулоска и Протоѓер, при што министерката за внатрешни работи, соочена со бруталноста на параполициските структури, вели дека ќе им се удри од глава соработката со такви типови.

please wait

No media source currently available

0:00 0:00:29 0:00
Директен линк

Во последниот сет на разговори беше презентирано, според СДСМ, како Јанакиески лично бара да биде уапсен градоначалникот од редовите на СДСМ, Александар Петрески и како Протоѓер ја прашува Јанкулоска дали ќе има нешто за негово апсење.

XS
SM
MD
LG